Чудовиштето од Лок Нес е мртво?

popara11 февруари, 20141min00
loch-ness3

Ова се многу вознемирувачки вести и не знаеме каде отишла Неси. Бројот на гледања се намалува од почетокот на новиот век, но ова е прв пат во 90 години Неси воопшто да не е забележана.

021911_lochness

Трите наводни фотографии од мистериозното чудовиште кои се појавија минатата година, всушност прикажуваа бран, патка, додека третата воопшто не е ни фотографирана на езерото Лок Нес.

Меѓутоа, Бер Кембел, старател за појавувањата на Неси, верува дека чудовиштето самото решило да земе одмор и да направи пауза.

-Убеден сум дека Неси само направила мала пауза и дека ќе ја видиме оваа година- тврди овој Шкот.

Кембел изјави дека до сега се забележани 1.036 појавувања а некои од нив се забележани и во 2012 година.

Од друга страна, Високата свештеничка на белите вештерки има поинакво објаснување за отсуството на познатото чудовиште.

-Лично верувам дека Неси е дух на диносаурус. Меѓутоа, духот на тоа суштество во последните години беше толку многу експлоатиран, што одлучил да извршам егзорцизам и затоа повеќе не го гледаме чудовиштето од Лок Нес- истакна таа, и додаде дека планира да ја тргне клетвата ова лето.