
„Подготвував појадок, кога одеднаш… помислив дека тоа е куче бидејќи видов само нозе, а тоа била пума. Вистинска пума, како од зоолошка градина”, рекла Амалин Адад. Таа успеала да побегне од кујната, ја фотографирала и ја заклучила внатре, а потоа со телефонот ги повикала државните служби. Нејзиниот син Николас Селма раскажал дека додека спиел во својата соба, гласот на мајка си го разбудил.
Пумата претрпела лесни повреди, а веднаш била пренесена во локалната зоолошка градина каде ќе биде згрижена. Од полицијата рекле дека најверојатно животното било нечие домашно милениче кое побегнало или пуштено во дивината.
httpv://www.youtube.com/watch?v=TKm2QXFw5os