Дали е вистина дека гледањето во монитор е лошо за очите?

13 октомври, 20140
16

Во ера во која значаен дел од времето минуваме пред монитор, очите водат тешка борба за да се приспособат. Или не?

Всушност, не постои директен доказ дека телевизорите, компјутерите или мобилните телефони предизвикуваат кусогледост. А сепак, сеуште постои стравот од осветлените монитори. Познато е дека нашите очи ја прилагодуваат формата со цел да се фокусираат на „блиските нешта“, како при печатениот текст или дигиталните екрани, па логично е што тврдењето дека подолгото читање може да предизвика трајна штета звучи убедливо и е прифатено од најголем дел од луѓето. Кетрин Роуз од универзитетот во Сиднеј е на страната на фактите и смета дека тезата не е аргументирана.

960x540[1]

Сепак, имајќи го ова во предвид, долгото гледање во монитор може да предизвика неудобност. Така смета Марк Розенфилд, од Државниот универзитет на њујорковиот Колеџ за оптометрија, кој во својата лабораторија спроведе студија врз репрезентативен примерок од канцелариски работници. Околу 40 проценти од нив пријавиле симптоми на замор на очите (печење на очите, иритација, деконцентрација, суви или влажни очи, поматен вид, главоболка, зголемена чувствителност на светлина). Симптомите биле присутни во најмалку половина од времето додека работниците биле „на должност“, седејќи пред канцелариските компјутери. Оваа состојба, Розенфилд ја нарекува „Computer Vision Syndrome“.

Staring-at-screen-all-day-can-damage-your-eyes[1]

Но, Розенфилд не смета дека јадрото на проблемот се мониторите, туку ситниот принт и краткото растојание помеѓу нашето око и материјалот што го читаме. Смартфоните и таблетите можат да ги влошат симптомите на очен замор, затоа што типично ги држиме поблиску до нас и подиректно пред нас, за разлика од книгите, на пример. Сеедно, вистинските причини за CVS остануваат мистерија. „Немаме добар увид во скриените причини што ги предизвикуваат симптомите“, вели Розенфилд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi