Бившиот кубански претседател Фидел Кастро се појави во јавноста по девет месеци.
И по шпекулациите дека е мртов тој се појави на отварањето на едно уметничко студио во Хавана. Кубанските весници објавија фотографија на која се гледа Kастро на која покажува едно уметничко дело и разговара со уметникот Алексис Лејв. Прошлиот пат кога Кастро се појави во јавноста беше 9 ти април на отварање на едно школо во Хавана.
Осумдесет и седум годишниот Фидел беше на власт 48 години. Во 2006 ја предаде власта на неговиот помлад брат Раул кој официјално стана претседател во јануари 2008 година