
Лидерот на групата Nirvana изврши самоубиство на 5-ти април 1994 година, стрелајќи си во главата со пиштол. Во тој момент култната музичка фигура Курт Кобејн бил под влијание на дроги.
Портпаролката на полицијата во Сиетл, Рене Вит, изјавила дека новата истрага е отворена за да бидат одговорени неколку прашања коишто може да се појават на одбележувањето на дваесетгодишнината од смртта на Курт Кобејн.
При повторното разгледување на материјалните факти биле откриени неколку досега необјавени фотографии од неразвиен филм. Една од тие фотографии полицијата има намера да објави во јавноста. Вит предупреди дека фотографијата не содржи сензационален материјал и не ја доведува во сомневање во претходната верзија за самоубиството на Кобејн.
Групата Nirvana, којашто ја сочинуваа Курт Кобејн, Дејв Грол и Крист Новоселич, во 1990-те беше на врвот од својата популарност кога тројката беше вистински идол на тогашните генерации. Вкупно продадоа 62 милиони примероци од нивните албуми, а нивната плоча „Nevermind”, која беше продадена во 10-милионски тираж според критиката е еден од најдобрите албуми во историјата на музиката.