Познатиот американски кошаркар Денис Родман, денеска заедно со екипата од бивши НБА играчи тргнаа за Пјонгјанг, каде треба да се одржи егзибиционен натпревар по повод роденденот на севернокорејскиот лидер Ким.
Родман изјави дека не планира да се занимава со прашањето на репресија во Северна Кореја затоа што Ким е негов пријател и го сака. Се надева дека утакмицата ќе отвори врата за разговори „за некои работи”.
Ексцентричниот бивш играч на „Булс” е предводник на екипата со некогашни ѕвезди Кени Андерсон, Клиф Робинсон, Вин Бејкер, Даг Кристи, Крег Хоџис и Чарлс Смит. Егзибициониот натпревар е закажан за во среда
„Јас нема да отидам таму и да кажам: „Еј дечко правиш лоши работи”. Тоа не е начинот. Он пред се е мој пријател и го сакам” изјави Родман.
Родман е најпознатиот Американец кој се сретнал со Ким откако севернокорејскиот лидер дојде на власт, наследувајќи го неговиот татко. Родман се спријатели со Ким во Фебруари и од тогаш Ким го нарече „вечен пријател”.