
Русија е единствената земја на светот која е способна од САД да направи радиоактивен пепел. Америка и нејзиниот претседател Барак Обама живеат во страв од Русија водена од Владимир Путин.
Водечкиот новинар на руската државна телевизија Дмитриј Кисељов изјавил дека Русија е единствената земја способна да ги срамни САД со земја.
Неговата емисија почнала во моментот на објавувањето на првите резултати од анкетата по затварањето на гласачките места со што се потврдува дека поголемиот дел од граѓаните на Крим гласале на референдумот да излезат од составот на Украина и да се приклучат кон Русија.
Самите Американци сметаат дека Путин е помоќен лидер од Обама – изјавил Кисељов и се надоврзал на резултатите од анкетата на јавното мислење.
Знаете ли зошто Обама постојано телефонира кај Путин и разговараат со часови? – дополнува новинарот.
Погледнете ги и неговите ставови за хомосексуалноста:
httpv://www.youtube.com/watch?v=pwLvPR2KedI