Дали виновниците за убиството на Аркан конечно ќе се обелоденат?

31 март, 20141
arkan

Неофицијално е потврдено дека постојат нови податоци за убиството на Аркан и дека причините се од политички карактер, но нема потврда дека зад тоа стои поранешниот политички врв.

Како главни причини за убиството засега се наведуваат планираното сведочење на Аркан пред Хашкиот трибунал, како и неговата средба со висок западен официјален претставник, што ја потврдуваат повеќе лица.

Истрагата треба да ги открие сите детали, наведува Б92.

Жељко Ражнатовиќ – Аркан беше убиен на 48-годишна возраст на 15 јануари 2000 година пред белградскиот хотел „Интерконтинентал”. Тој беше застрелан со три куршуми во главата, а беа убиени и неговите двајца телохранители.

Ражнатовиќ беше командант на некогашната паравоена формација Српска доброволна гарда, наречена „Тигрите на Аркан”, која дејствуваше за време на војните во БиХ и Хрватска.

За неговото убиство се осудени три лица.

Српската телевизија „Пинк” денеска, повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи, објави дека деновиве завршува обемната истрага на политичките убиства, зад кои во јавноста се зборува дека стои режимот на Милошевиќ.

One comment

  • jovanka

    2 април, 2014 at 10:42

    Убиството на Аркан значеше крај на неговите злодела и на неговата паравоена организација тигри, залудно син му ја бараше вистината .

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi