Дали знаете да разликувате дама од вистинска жена?

popara15 март, 20141min00
9

Дали е тоа став или во прашање е карактер? На кратко, според следните совети, видете каде вие се пронаоѓате.


1.
Домаќинки – Ако случајно го пресолите јадењето додека се готви, додадете еден излупен компир и тој ќе ја впие солта која е вишок.

– Вистинска жена – Ако го пресолите јадењето додека готвите, тоа е навистина лошо. Ве молиме повторувајте по нас: „Јас тоа го готвев, и ти има да го јадеш и ич не ме интересира колку е лошо на вкус!“

2. Домаќинки – Лек за главоболка. Земете лимон, преполовете го на пола и втријте го во челото. Пулсирањето ќе престане.

–  Вистински жени – Земете лимон, помешајте го со текила, малку сол и напијте се. Можеби ќе имате уште поголема главоболка, но кој му се секира?

3. Домаќинки – На дното на корнетот ставете салвета за да се спречи течењето на сладоледот.

Вистински жени – Едноставно исшмукајте го сладоледот одоздола. И онака најверојатно јадете пред телевизор, седнати на кауч.

4. Домаќинки – За да го спречите ркулците на компирите, додадете едно јаболко во вреќата со компири.

Вистински жени – Купете готово пире и нема да мора да се грижите за израстоците на компирите.

5. Домаќинки – Кога рецептот за колачи бара истурање брашно со калап, употребете малку посува смеса за колачот за да не останат траги од брашното по колачот.

Вистински жени – Одете во слаткарница. Таму дури и ќе ви го украсат.

6. Домаќинки – Ако имате проблем со отворање на тегла, пробајте со гумени ракавици за миење садови.

Вистинска жена – Одете и замолете го згодниот комшија да го направи тоа за вас.

7. Домаќинки – Немојте да ги фрлате остатоците од вино. Замрзнете ги во вид на коцки мраз за следна употреба при готвење.

Вистински жени – Остатоци од вино???