Дали знаевте дека постојат пет видови на ”веќе видено”: Кој од нив сте го доживеале?

24 октомври, 20140
9

Преведно од француски, ”deja vu” буквално значи ”веќе видено”, а опишува феномен во кој поединецот, во случајот сите ние, одеднаш добиваме чувство дека знаеме што е следно што ќе се случи, или во даден момент ве фаќа страв на самата помисла дека некоја ситуација што моментално се случува, веќе сте ја проживеале еднаш, и ве навраќа на ист момент, луѓе и поставување на настаните.
Погледнете ги помалку познатите факти за тој недообјаснет феномен во следното видео:

httpv://www.youtube.com/watch?v=edc_pCBIOkw
Теории за потеклото на ”веќе видено”
Научниците имаат неколку теории за тоа од каде доаѓа тоа чувство на нешто што веќе сте го виделе. Така, когнитивните психолози сметаат дека станува збор за одамна заборавени делови од сеќавањето кои во своја основа се сѐ уште присутни, додека следбениците на Фројд тврдат дека се работи за потиснати сеќавања од детството во кои егото на поединецот се потсеќа на неговото минато и скриени стравови.
Малку побизарни гледишта имаат парапсихолозите, кои велат дека ”веќе видено” е резултат на сеќавањата од минатиот живот, пред реинкарнација во животот сега. Сепак, најчесто прифатена теза е дека се работи за аномалија на сеќавањето во кое гледаме нешто слично, па тоа нѐ потсеќа на заборавеното.
Подвидови на ”веќе видено”
Presque vu
Со овој феномен се опишува состојба во која нешто ни е ”врв на јазикот”. Имаме чувство дека нешто ќе се сетиме или ќе изговориме нешто битно.
Deja entendu
Означува онаа што веќе сме го слушнале, т.е, сигурни сме дека знаеме за што се зборува, иако не можеме да се сетиме кој, кога и каде ни го кажал тоа што некој го зборува во моментот.
Deja senti
Темелите на веќе проживеани чувства, т.е, ни се чини дека во некоја ситуација во минатото сме се чувствувале идентично, но не можеме да се сетиме на деталите за тоа.
Deja vecu
Означува облик на веќе видено во кое со сигурност знаеме што е следно што ќе се случи
Deja visite
Се однесува на точно препознавање и снаоѓање на местото на кое никогаш не сме биле, но тоа место од некои причини ни е сосема познато.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *