
Поради недостаток на докази за убиството на 57-годишната Доминик Обри, истражниот судија одлучи да го „сослуша” нејзиното куче во рамки на судењето на роднините на жртвата Фран Ренар Пајен и Оливие Есташ, обвинети за убиството за да дојдат до наследството од 14 милиони евра.
Судијата го однел песот од расата далматинец по име Тео на местото на злосторството за да види како ќе се однесува. Експертот за однесување на животни Жилбер Мутин рекол дека кучето може да реагира ако види лице кое му нанело некакво зло на сопственикот. Кучето тогаш има необични физички манифестации, како што се необична положба на ушите, погледот и душкање.
Тео, меѓутоа, на местото на злосторството немал посебни реакции, како ни кога ги видел обвинетите.
Со оглед на тоа што „сведочењето” на животни не претставува доказ за правосудството, може да се искористи само како трага кон пронаоѓање на виновникот.