Даниел Кајмакоски: Би се оженил со Цеца иако не поднесувам пластични девојки!

13 април, 20140
daniel4

Тој пред некоја вечер се забавувал на прославата на осмиот роденден на неделникот Пулс на кој присуствувале многу познати личности, а во интервју откри многу интересни детали, меѓу кои и дека би можел да се ожени со Цеца Ражњатовиќ. Тој е воодушевен од најголемата балканска ѕвезда и ја смета за најубава пејачка на естрадата.

Ова е интервјуто:

Што се промени во твојот живот по завршувањето на шоуто?

Се се промени од аудицијата. Победата беше само шлаг на тортата. После тоа бев затворен 3-4 дена во куќа, одговарав на интервјуата и гледав да им удоволам колку можам. Кога отидов во Македонија, имав пречек на аеродромот и тоа е нешто неверојатно. Тогаш сфатив колку всушност ми се промени животот и колку луѓето од целиот Балкан се горди на мене. Јас никогаш нема да ги изневерам!

Сега дефинитивно се пресели во Белград?

Да. Останувам овде за да ја почувствувам душата на овој град во кој се заљубив. Но секако често ќе одам во мојата Македонија, без која не би можел да живеам.

Му го честиташе на својот ментор Жељко Јоксимовиќ раѓањето на синот?

Нека му е со среќа и синот нека му е жив и здрав! Навистина се радувам, му се јавив штом дознав.

Која пејачка најдобро изгледа? Со која би се оженил ако можеш?

Хмммм…Би се оженил со Цеца зошто таа е една од најубавите пејачки. Иако не поднесувам пластични девојки, кои изгледаат како барбики, таа не е таква. Прекрасна е во секоја смисла на зборот. Го обожувам нејзиниот моќен глас и хитовите кои остануваат за секогаш. Не би се бунел ниту еден ден жената да ми изгледа како Јелена Томашевиќ или Тамара Милановиќ.

Со која пејачка би сакал да снимиш дует?

Со Ријана, Шакира… А од Балканот со Марија Шерифовиќ и Цеца. Тие ми се најдобри.

Дали би се соблекол гол заради насловна страница и голем хонорар?

Никогаш не би го направил тоа. Едноставно, таков сум и тоа не ми е потребно. Мојата моќ е пеењето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi