
Откако влезе во историјата како прв победник во регионалниот Икс Фактор, Даниел Кајмакоски стана вистинска медиумска ѕвезда.
Моментално најпопуларниот Македонец во едно од своите интервјуа зборувал за своите омилени поп и рок песни, оние кои го обележале неговиот живот, учеството во шоуто кое му го смена животот за 360 степени, но се сеќава и на убавите моменти и важните луѓе кои му оставиле траг.
Еден од нив е секако Тоше Проески.
Една од омилените песни на Тоше за мене е “Još i danas zamiriše trešnja” бидејќи токму со таа песна го прежалив тоа што Тоше замина од овој свет. Оваа песна ја имав на телефон и секогаш ја слушав повеќепати кога ми беше тешко. Во неа се содржи се: балкански елементи, целата негова душа и љубов, се што ни остави, се на што не научи и ни покажа дека се е возможно – и во толку мала земја како што е Македонија и во регион како што е Балканот – изјавил Даниел.
httpv://www.youtube.com/watch?v=0-Dr6YS9d_M