Дарко Шариќ: Соработував со моќни луѓе, функционери кои и денес се на функција, а јас сум овде! Видео)

popara24 март, 20141min00
16

На почетокот на судењето пред Специјалниот суд каде Дарко Шариќ се појави за прв пат откако е подигнато обвинението против него за шверц со кокаин, Шариќ негирал дека е виновен.

Државата од мене направи државен непријател број 1, а обвинителот се однесува како Шерлок Холмс, изјавил Шариќ и додава дека не се плаши од повиканите сведоци.

Побарав совет од мојот адвокат, кој ми рече да не одговорам на прашањата. Но сепак би сакал нешто да додадам. На пример Агробанка…рекол Шариќ но не ја довршил реченицата.

Сето тоа е една голема измама. Сето ова е една голема игра на бившиот режим, обид да ја скријат својата валкана долна облека,  проневери, и мене да ме прогласат за главен виновник, негативец и убиец. Во оваа земја ништо не сум направил, ни мравка не сум згазнал, изјавил Шариќ.

Не се чувствувам виновен ни по една точка од обвинението. Сите обвиненија се споени во една голема лага, само уште за земјотрес не сум осомничен, додава Шариќ за време на судењето.

Шариќ изјавил дека се дружел и соработувал со многу влијателни и богати луѓе кои и ден денес се на високи позиции.

Тие и денес се таму каде што се, а јас сум овде! Рекол Шариќ.

Најтешко ми падна обвинението за убиство. Се појавува Сретко Калиниќ и вели дека Шариќ даде директива. Се чувствувам како во некој американски филм.

Од имот повеќе немам ништо, рекол Шариќ, а на прашањето од страна на судијата како се издржува, Шариќ одговорил дека сега “државата го издржува“ и дека може да се пофали од затворскиот готвач.

Според законската процедура на главниот претрес Шариќ денес ќе треба да се изјасни дали го признава обвинението или не, а неговиот адвокат Радослав Бачевиќ најавил дека Шариќ ќе ја негира кривицата.

Сведоци соработници во оваа постапка се Радан Адамовиќ, Небојша Јоксовиќ и Драшко Вуковиќ. Тие не се тргнати од обвинението, иако на крајот на процесот нема да им се изрече казна како “награда“ за соработката при расветлување на кривичните дела.

httpv://www.youtube.com/watch?v=zVoVTaOFz3A

httpv://www.youtube.com/watch?v=qMFljbaoBD0