Дејвид Бекам: Семејната драма на славниот фудбалер

popara8 јануари, 201417min00
13

Дејвид празниците ги поминал на Малдивите со сопругата и децата, но секојдневно бил во контакт со неговата сестра Лин чиј син Џејсон има само десет дена и се наоѓа на интензивна нега.

Ова е второ дете на сестрата на Дејвид, а момчето е родено со сериозно пореметување на дишните органи и се бори за живот.

“Се бори за живот од моментот кога се роди. Многу сме загрижени, но докторите се прекрасни. Дејвид е наша голема подршка и постојано сме во контакт“ – изјавил Кевин, сопругот на Лин.

Мајката на Дејвид, Сандра е постојано покрај својата ќерка Лин (41) додека чекаат да ги дознаат вестите за здравствената состојба на најмладиот член на семејството.