Денес е Летник – со многу љубов и внимание подарете мартинка!

popara14 март, 20141min00
18

На 14 март според новиот календар, т.е. 1 март според стариот календар е денот кога започнува пролетта.

Со овој ден се поврзуваат многубројни верувања, меѓу кои и: цела година ќе се однесувате како првиот човек или животно што ќе го видите на овој ден и подарете мартинка која носи среќа. Во овој текст ќе се задржиме на подарувањето мартинки.

Мартинката се прави рачно со исукување на два конци, црвен и бел и се носи околу вратот, зглобот на раката или на ногата. Се носи сокриена од сонцето, за да не ве изгори жешкото сонце во текот на летото.

Носете ја сè додека за прв пат оваа пролет видете ластовица или расцутено дрво, фрлете ја по ластовичката или закачете ја на расцутеното дрво. Според верувањата мартинката се носи како заштита од несреќи.

Денес, ден пред Летник, со многу љубов и внимание подарете им на вашите најсакани мартинка која ќе им донесе среќа.