Девојка тврди дека може да го напушти своето тело кога ќе посака

popara10 март, 20141min00
1

Станува збор за 24- годишна девојка која открила дека може да се види себеси како лебди во воздухот над своето тело и дека понекогаш се гледа себе си, иако цело време е свесна за своето физичко тело.

Научниците веруваат дека левата страна на неколку мозочни региони е поврзана со перцепцијата и чувство на движење кое е одговорно за чувството на напуштање на сопственото тело и издигнување над него. Тие исто така веруваат дека оваа способност ја имаат многу повеќе луѓе отколку што претходно се мислело.

Меѓутоа, со оглед на фактот дека додала дека не чувствува никаква емоција за време на овие случувања, истражувачите одлучиле нејзиното искуство да го класифицираат како посебно телесно искуство бидејќи силните емоции, како што е шокот, често ги придружуваат овие вонтелесни искуства.

Андра Смит и Клод Месие, со помош на магнетна резонанца го проучувале нејзиниот мозок и веруваат дека таа е првиот човек кој доброволно, со своја волја може да го напушти своето телото без било какви аномалии во мозокот.

Тие откриле дека ова искуство го деактивира визуелниот кортекс, но дека тоа исто така ги активира подрачјата на левата страна на мозокот кои се одговорни за перцепцијата и чувство на движење и дека може да биде одговорно за менталниот приказ на движењата на телото.

Иако истражувачите признале дека е реткост да се најде некој кој е во состојба своеволно да го напушти своето тело, тие сепак веруваат дека тоа е многу почесто отколку што се мислело.

Оваа идеја се заснова на фактот дека девојката воопшто не мислела дека нејзината способност да „плови” над своето телото е необична.

Според студијата: „Испитаничката оваа способност почнала да ја изведува кога била дете, додека не сакала да спие во градинка и потоа продолжила да го „напушта“ своето тело додека растела, мислејќи дека тоа секој може да го направи”.