Девојката која беше пронајдена мртва во луксузен хотел, пред смртта на Фејсбук напишала мистериозен статус!

15 декември, 20140
4

Ивана Бакиќ Бодрожиќ (31), ќерка на народната пратеничка Неда Бодрожиќ, пронајдена е мртва во четвртокот наутро во соба 326 во хотел „Хајат“ во Нов Белград. Телото на несреќната девојка го пронашол еден од вработените. Наводно, во десната рака имала шприц, па се претпоставува дека се предозирала.

 

Несреќната Ивана непосредно пред смртта на Фејсбук објавила статус:

– Се борам. И против себе и против другите. Емоции? Не, фала. Не се каам за тоа што го направив. Така требаше да биде. Се променив. Животот ме промени. Се смеам, плачам, паѓам, па станувам, сакам, дишам. Секогаш оптимистична. Со време посилна и посилна. Нема откажување, не ме створил Бог за тоа. Секогаш храбра да кажам два збора: „Добро сум“, напишала Ивана во четвртокот.

Во понеделникот, Ивана поставила мистериозен статус во кој го наведува следново:

– Има една бедна и тажна и многу грда жена која имала среќа што како млада не била грда… И на основа на тоа живее во заблуда и лаги со години… Сожалувањето е сериозно… Има еден човек кого го сакам најмногу на свет и поради кого би направила се`. Кој е единствен во мојот живот и веќе 7 години само тој постои за мене. Поради кој се` би направила. И никогаш не би го повредила, кој бавно ме убива…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi