Како да ги користиме ѓумбирот и циметот за слабеење?
Рецептите не вклучуваат само ѓумбир и цимет, но тие присуствуваат и во двете рецепти, па затоа и се главни намирници.
Рецепт 1
Потребни состојки:
500 мл вода
500 мл кисело млеко
3 супени лажици црн чај
1 кафена лажичка цимет
1 кафена лажичка ѓумбир
1 кафена лажичка мед
1 кафена лажичка кари
Водата најпрво треба да зоврие, се додаваат сите намирници, со исклучок на киселото млеко. Откако ќе се олади водата се цеди и се меша со киселото млеко. Магичниот пијалок се пие како замена за вечера и треба да се испие до крајот на денот. После тоа, не се јаде ништо, а се пие само вода.
Рецепт 2
Состојки:
80 мл вода
170 мл млеко
1 супена лажица ѓумбир
1 кафена лажичка цимет
1 кафена лажичка кари
Карито, циметот и ѓумбирот се додаваат во врела вода, се додва млекото, се меша и се пие пред легнување.
Карито не смее да се конзумира за време на бременост, хепатитис, проблеми со дигестивниот систем и бубрезите.