Доколку сте љубител на пржените компирчиња, пробајте ги нашиве крцкави и вкусни компирчиња од рерна…
Малку се оние кои можат да им одолеат на совршено испржените компирчиња, особено оние од рестораните за брза храна иако со нив, следуваат 430 калории и 23 грама масти. Доколку сакате овие бројки да ги преполовите, пробајте ги нашите компирчиња…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 поголеми компири
4 лажички презла
Половина лажичка бел лук во прав
Половина лажичка сушено оригано
Половина лажичка чили пиперки во прав
Свеж мелен бибер
Морска сол, по вкус
2 белки
Малку маслиново масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измијте го компирот, излупете го и сечете го на поголеми парчиња и добро протапкајте го во чиста кујнска крпа, за да биде сув. Во поголем сад, помешајте ја презлата со другите состојки. Во друг сат, изматете ги белките и во нив го извалајте го компирот, а потоа истото направете го со смесата со презла. На плехот, ставете масло и хартија за печење и наредете го компирот. Печете 30 минути на температура од 200 степени или додека не добие златножолта боја и не стане крцкав.
Напомена: Една ваква порција содржи 173 калории, 1 грам масти ( 0 грама незаситени масти ), 36 грама јаглехидрати, 3 грама влакна и 6 грама протеини.
Вкусно и диетално… Уживајте !