Топчињата кои ги чувствувате под прстите не се само целулит. Тоа е мешавина од целулит, маснотии и отпадни супстанци. Од нив може да се ослободите со помош на водената диета.
Водената диета значи 30 дена само – свеж зеленчук, риба, немрсно месо, јајца и јогурт. Гладта помеѓу оброците ќе ја ублажите со јаболко. Диетата бара целосно откажување од леб, тестенини и слатки (поточно од јагленохидрати, шеќер и масло). Дневно испијте два и половина литри негазирана вода, почнувајќи од наутро штом ќе се разбудите.
По 1 недела
Ќе имате чувство на надуеност, но не грижете се тоа е од водата. Веќе по три-четири дена непријатностите ќе изчезнат. Тогаш ќе почувствувате дека сте помалку гладни, а тоа е заслуга на водата која дава чувство на ситост.
По 2 недели
Ќе се чувствувате поподвижни. Единствен проблем е честото мокрење, но ако знаете дека така од организмот се отстрануваат и токсините, тогаш тоа полесно ќе го поднесете. Освен тоа ќе ви се подобрат и варењето и столицата.
По 3 недели
Ќе се чуувствувате полесно, а вагата ќе покаже барем два килограми помалку. Кожата добива поубав изглед – портокаловата кора е помалку видлива.
По 4 недели
И понатаму губите од својата тежина, можеби имате и до 4 килограми помалку. А за се ова може да и бидете благодарни на старата и фалена американска диета која ја нарекуваат „диета на пијаниците“ (но пијаници кои се опиваат од вода).