Дизајниран најопасниот вирус за Андроид

30 јануари, 20140
Samsung-Galaksi-S4-copy

Најголем број на вируси го напаѓаат Андроид оперативниот систем. Сега е направен код кој ќе може да ги прати сите движења кои ќе ги направиме преку екранот. Ова е идеално решение за хакерите кои сакаат да ги украдат нашите лични податоци. Научникот Нил Хиндоч направил код кој ќе може да ги прати сите движења на смартфоните. Доколку овој код го искористат хакерите, тие на овој начин би можеле да ги украдат ПИН кодовите, информации од кредитни картички и сите останати доверливи работи кои корисниците ги внесуваат со куцање на екранот. Една позната работа е што (за сега) може да биде инсталиран исклучиво преку УСБ доколку телефонот е поврзан со компјутер. Овој концепт покажува дека е можно да се дизајнира софтвер кој ќе може да ни ги украде буквално сите податоци на телефонот. Бројот на вирусите од ден во ден се зголемува, а дури 99% од нив е за напад на Андроид оперативниот систем. Поради ова, сите корисници кој го користам току Андроидот мора да бидат претпазливи и да не внесуваат непознати апликации на својот телефон, пред се, да се заштитат себе си од било какви хакерски напади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *