Имено, Ронгфенг некогаш бил сиромашен и за живот заработувал просејќи.
Во далечната 1993-та година, кога имал само 17 години, ја сретнал 45-годишната Даи Ксингфен, која му помогнала.
Ксингфен го примила дома заедно со уште двајца бездомници, го нахранила,
и го испратила со порака која никогаш не ја заборавил.
“Не нахрани, ни дозволи да преспиеме кај неа, а следниот ден дури и ни даде пари за карти за воз.
Доколку пред 21 година не беше таа, сега јас немаше да бидам тоа што сум.
Ни кажа дека не е срамота да се биде сиромашен, и дека секогаш треба да се трудиме да бидеме добри луѓе”,
раскажал Ронгфенг, кој Ксингфен, инаку сопственичка на продавница за продажба на тестенини, ја пронашол во Таижоу.
Ксинфенг, која била пресреќна и од самиот факт што Ронгфенг не ја заборавил,
ги одбила парите бидејќи не му помогнала за еден ден да и’ се исплати.
Сепак, го примила плакатот на кој пишувало: “Мојата благодарност е голема како планина”, пишува Daily Star.