Добрината не се заборава: Пред 20 години му дозволила да преноќи, а тој сега и се оддолжил вака…

15 октомври, 20140
21
Хе Ронгфенг, денес богат 38-годишен претприемач од Кина, пред неколку дена успеал,
да ја пронајде жената, на која никогаш не престанал да мисли,
па се појавил на нејзината врата со еден милион јуани, односно околу 131.000 евра.

Имено, Ронгфенг некогаш бил сиромашен и за живот заработувал просејќи.

Во далечната 1993-та година, кога имал само 17 години, ја сретнал 45-годишната Даи Ксингфен, која му помогнала.


Ксингфен го примила дома заедно со уште двајца бездомници, го нахранила,

и го испратила со порака која никогаш не ја заборавил.

“Не нахрани, ни дозволи да преспиеме кај неа, а следниот ден дури и ни даде пари за карти за воз.

Доколку пред 21 година не беше таа, сега јас немаше да бидам тоа што сум.

Ни кажа дека не е срамота да се биде сиромашен, и дека секогаш треба да се трудиме да бидеме добри луѓе”,

раскажал Ронгфенг, кој Ксингфен, инаку сопственичка на продавница за продажба на тестенини, ја пронашол во Таижоу.


Ксинфенг, која била пресреќна и од самиот факт што Ронгфенг не ја заборавил,

ги одбила парите бидејќи не му помогнала за еден ден да и’ се исплати.

Сепак, го примила плакатот на кој пишувало: “Мојата благодарност е голема како планина”, пишува Daily Star.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş