Меколи Калкин ги отвори вратите на својот откачен апартман од 2 милиони долари во Њујорк. Очигледно својот апартман го претворил во ликовно студио. Поранешната дете ѕвезда, сега 32-годишен “уметник”, на фотографиите заедно со своите пријатели се облекоа како покојниот фронтмен на бендот Нирвана-Курт Кобејн. Не е јасно дали се подбиваат со Кортни Лав, жената на покојникот или се вистински фанови на неговата музика.
Меколи познат по својата зависност од тешки дроги на фото сесијата изгледал далеку подобро отколку на фотографиите објавени од него пред некое време, но неговите изјави го кажуваат спротивното. При посетата тој изјавил „ На дванаесет годишна возраст ги направив сите потребни пари за никогаш повторно да не работам во животот”.