Домашен лек од цвекло за прочистување на црниот дроб

popara1 декември, 20141min00
8

Овој лек особено се препорачува за пушачите и луѓето кои конзумираат алкохол, но и за сите останати бидејќи денешно време ретко кој се продржува на принципите на здравата исхрана. Сите ние конзумираме газирани пијалоци, конзерванси, вештачки бои, ГМО производи, сувомеснати производи, хемиско третирано овошје и зеленчук и со тоа внесуваме премногу отрови во нашиот организам. Што значи на сите ни е потребно прочистување на црниот дроб – бидејќи тоа е нашата хемиска лабораторија и токму во тој орган се таложат сите токсини кои ние секојдневно ги конзумираме. Ви препорачуваме да го направите овој лек кој гарантира целосно прочистување на црниот дроб за една година.

За целта ќе ви биде потребно:

Стаклена тегла од 3 литра

–       700 г цвекло ( отприлика 3 парчиња со средна големина )

–       2 лажици  брашно

–       200 г шеќер

–       100 г суво грозје

Подготовка:

Цвеклото се сече на коцки или тенки фелки и се реди во теглата. Се додаваат останатите состојки.

Теглата се полни со оладена, а претходно превриена или дестилирана вода и се промешува.

Врз отворот од теглата се става газа за да може да дише и се остава 6-7 дена за да ферментира.

Се меша 2 пати дневно.

По 7 дена смесата се процедува низ газа.

Употреба:

По 3 супени лажици 3 пати на ден.

Чување:

Квасот се чува во фрижидер.

По пауза од 3 месеци терапијата се повторува. Па повторно се прави пауза од 3 месеци и терапијата се повторува по трет пат.

За 1 година, црниот дроб целосно се прочистува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag