
Бидејќи природните лекови се најбезбедни, а и доста продуктивни, денеска ви презентираме природен лек против се почестиот проблем на денешницата, односно опаѓањето на косата.
Состојки:
- 15 лажици ситно исецкан лист од коприва
- 3 лажици сув цвет од камилица
- 300 мл. вински оцет
Приготовка:
Во 1-2 L веќе зовриена вода ставете ги сувите листови од коприва. Веднаш потоа тргнете го садот од оганот и покријте го. Нека стои 2 часа. Откако ќе поминат 2 часа, садот повторно загрејте го. Но, внимавајте да не дојде до повторно вриење. Кога ќе се загрее до температура пред вриење додајте ја камилицата. Повторно тргнете го садот, поклопете го и оставете го повторно да стои 2 часа. Откако повторно ќе поминат 2 часа, процедете ја течноста, додајте го винскиот оцет и добро измешајте.
Начин на употреба:
Секоја втора вечер мачкајте ја косата со овој природен лосион, добро масирајте ја пред да ја измиете. Луѓето кои го употребувале овој рецепт се задоволни од неговото дејство. Се надеваме дека и вас ќе ви биде од корист.
Пивскиот квасец е 100% природен производ кој благодарение на ризницата хранливи материи кои ги содржи се од клучна важност за здравјето на косата, квалитетот на влакното, зајакнување на коренот.
Додека го практикувате овој рецепт треба пиете и Пивски квасец кој ке ги даде најдобрите ефекти и цврстината на косата ќе ви биде посилна & посјајна од било кога.