Сигурно сте се обиделе со безброј производи, природни лекови или разни диети, но проблемот се’ уште постои. Секој Ви вели дека ќе поминат, но никој не разбира дека Вие сакате да се ослободите од нив уште сега.
Речиси секој бил во истата ситуација.
Веројатно се’ уште не сте се обиделе со еден лек. Тоа е „бабински рецепт“ кој ветува одлични резултати.
Се’ што Ви е потребно е јаболков оцет и зовриена вода. Оцетот и двојно повеќе зовриена вода истурете ги во шише. Смесата нанесувајте ја на лицето секој ден откако ќе го исчистите. Оставете ја смесата да се исуши на кожата. Потоа нанесете хидратантен крем.
Внимавајте на носот и очите додека ја нанесувате смесата. Потребни се приближно две недели за целосно чистење на лицето.