Домашни мини панцероти

1 ноември, 20140
10

Состојки

  • 1 кг брашно (состојки за тесто)
  • 500 мл млака вода (состојки за тесто)
  • 100 мл масло за готвење (состојки за тесто)
  • 2 пакетчиња сув квасец (состојки за тесто)
  • 1 ½ лажичка шеќер (состојки за тесто)
  • 3 лажички сол (состојки за тесто)
  • 400 г спанаќ (состојки за фил)
  • 200 г павлака (состојки за фил)
  • 100 г сирење (состојки за фил)
  • малку сусам, ким, чурек… (за декорација)
  • 1 јајце (за премачкување)

Подготовка

  1. Тетсо пред да нарасне Во подлабок сад ставете ги сите состојки за подготовка на тестото. Добро промешајте и месете се додека не добиете мазно, компактно тесто кое треба да биде меко, но не премногу меко за да може да се формираат панцеротките.
  2. Нараснато тесто Оставете го тестото да нарасне убаво (да добие барем 2,5-3 пати поголем волумен) а во меѓувреме подгответе го филот.
  3. Подготовка на филот Спанаќот обарете го и во блендер измешајте го заедно со павлаката и сирењето. Блендирајте се додека смесата не се соедини. По желба, зачинете.
  4. Сукање на тестото Стасаното тесто поделете го на 2 дела и расукајте го како за пица во кружна или правоаголна форма со дебелина од околу 3 мм.
  5. Полнење на панцеротите Со калап (или чаша), од целото тесто, вадете крукчиња. Секое второ крукче наполнете го една лажица од филот, со вода намачкајте ги краевите и со друго крукче поклопете го.
  6. Мини панцероти спремни за печење Вака подготвените панцеротки, со виљушка притиснете ги краевите за добро да се залепат двете крукчиња. Премачкајте ги со изматено јајце и наросете ги со сусам, ким, чурек и сл.
  7. Панцеротите одмараат неколку минути Пожелно е да одморат на плех (да нараснат) уште барем 30 минути пред да ги ставите да се печат.
  8. Испечени панцероти Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15 до 20 минути или се додека не добијат убава кафено-златна боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş