
Шеќерот е најдобар пример за намирници кои содржат исклучиво калории. Таа ви дава само енергија во облик на калории и не содржи никакви есенцијални материи. Шеќер е релативно ново достигнување во човековата исхрана. Шеќерната трска е пронајдена во југозападна Азија, а во Европа е донесена од страна на Александар Македонски. Во 17ти и 18ти век, поради шеќерната трска, огромен број на робови се пратени во Бразил и на Карипските Острови, каде што биле лоцирани огромен број на плантажи со шеќерна трска. Дури кон крајот на 18-тиот век е пронајден начинот на рафинирање на шеќерната трска. Како последица на овој пронајдок, е порастот на потрошувачката на шеќер, така што Европа се соочува со дотогаш непознатата болест – дијабетесот, која исто така е позната и како шеќерна болест. Дијабетесот се појавува прво кај аристократијата, бидејќи само таа класа на луѓе ја конзумирале шеќерта. Денес од оваа болест патат четири милиони Германци и е трет најголем причинител на смрт во светот.
Премногу шеќер го оптеретува панкреасот
Метаболизмот на еден Германец годишно преработува во просек околу 35 килограми шеќер. Панкреасот кој е со големина на орев, кој произведува инсулин и пренесува шеќер во ќелиите, со тоа е оптоварен. Историјата на шеќерта е историја и на нова болест, дијабетес тип 2, односно новозатекнат тип на дијабетес.
Шеќерта го преплавува крвотокот…
Во скоро сите преработени или полупреработени производи може да се најде шеќерта : од кечап, сосови за салати па се до кисели краставички, како и во муслите, овошните јогурти, лимонадата, енергетските производи па се до овошните нектари. Една чаша лимонада може да содржи и до 16 коцки шеќер. Индустриски високо преработените намирници имаат многу малку витамини.
… и одзeма витамини
Витамините кои се потребни на метаболизмот за преработка на шеќер редовно се одземаат од имунолошкиот систем, нервите и мозокот. Фактот дека молекулите на шеќерта многу брзо го преплавуваат крвотокот бидејќи се бели, а рафинираниот шеќер се состои од многу мали молекули кои без мака поминуваат низ цревата и лесно стигнуваат и во крвотокот, е со иста загрижувачка важност. Хормонот инсулин сега има задача да ја врати на нормално ниво веќе претерано зголемената количина на глукоза во крвта и да ја пренесе шеќерта во ќелиите. Кога ќелиите ќе станат заситени го блокираат дотокот на шеќер, а инсулинот тогаш го губи своето дејство. Малата жлезда на панкреасот и понатаму произведува инсулин неконтролирано, но залудно. Ако овој проблем е присутен со години, тогаш прво се појавува инсулинска одбивност, па потоа преминува во дијабетес тип 2. Преостанатата шеќер во крвта потоа се претвора во маст и се складира во масните ќелии. Хормонот инсулин инсистира и си ја врши работата толку добро што нивото на шеќер во крвта одеднаш паѓа на многу ниско ниво, а бидејќи на нервите и мозокот им е потребана доволна количина на шеќер, од тука натака стануваме сè по нервозни, ви опаѓа расположението, менталната и физичката способност веќе не се на истото ниво како претходно, додека пак, мозокот праќа сигнал дека на организмот му е потребно јадење, особено нешто слатко. На тој начин продолжува јо-јо ефектот на глукоза.