
Социјалната мрежа откри повеќе детали за постигнувањето. Самата идеја се родила во почетокот на јануари годинава.
– Тогаш сосема малку луѓе на Фејсбук знаеја за проектот, а ние имавме идеја како ќе направиме повеќе од милијарда видеа за 25 дена – напишаа Алексеј Спиридонов и Кришна Бандару, програмери на Фејсбук.
Главните предизвици биле правење софтвер што ќе може брзо да ги создава клиповите и да се засили ИТ-инфраструктурата, за да го издржи дополнителното оптоварување. Тоа вклучувало детално проектирана анализа што ќе се случи при активно споделување на потрошувачите. На крајот пресметките се покажале точни.
На 24 јануари клиповите „Look Back” за сите вработени на Фејсбук биле подготвени. По дополнителното оптимизирање на системите, на 3 февруари тие беа подготвени и почнаа да работат со полн капацитет. Софтверот генерирал 9 милиони видеа на час. А вкупно биле користени 11 петабајти простор на дискот – помалку од половина од предвидените 25 петабајти.
Програмерите очекувале дека околу 10 отсто од корисниците ќе ги споделат клиповите, но се покажало дека повеќе од 50 отсто го направиле тоа. Вкупно биле создадени малку над 720 милиони видеа, а над 200 милиони луѓе ги виделе своите видеоподароци во рамките на првите два дена. Во шпицот била неопходна и врска од 450 Гбпс, за успешен стриминиг на сите клипови.