Дознајте како се однесува вашиот хороскопски знак во кафана! Овенот на пример е како дома!

15 април, 20140
Yearly-horoscope-2013

Овен

Иако е Овен, во кафана ужива како риба во вода, без оглед на забавата. Кога малку повеќе ќе се напие станува директен во контактот со спротивниот пол и монотонијата ја разбива со разговори и вицови. Понекогаш жените во овој знак сакаат да ја „накитат” музиката, посебно ако слават роденден.

Бик

Бикот би сакал да има своја кафана, што не е редок случај. Но ако ја нема, тогаш во неговото омилено место сите го познаваат – од музичар до келнер. Ја собира музиката околу својата маса и нарачува песни, а сака и да им угодува на девојките/момците околу него. Неретко знае да запее и дополнително да ја загрее атмосферата.

Близнаци

Со Близнаците ќе го имате најдобриот помин во кафана, без оглед на тоа дали сте отишле како заљубен пар, пријател или сосема случаен познаник. Близнаците се друштвени, шармантни и хумористични, па не им е проблем да бидат забавувачот во друштвото.

Рак

Иако најмногу уживаат во својот дом, Раковите често знаат да се упатат кон својата омилена кафана. Никаде на друго место не може да се опуштат со чаша вино и пријатели, да заиграат, да запеат и да останат до раните утрински часови. Не се љубители на кафаните во друштво на својот партнер/партнерка, па повеќе го ценат друштвото во вакви случаи.

Лав

Кралот на забавите, игрите и сите можни прослави, ужива кога тој ја организира и води вечерта. Тогаш се подразбира огромна количина на алкохол и гласна музика. Атрактивни и провокативни, какви што вообичаено се, Лавовите обожаваат да запознаваат нови лица во оваа ситуација.

Девица

Родени за мерак и опуштање, Девиците знаат да бидат немирни кога ќе испијат малку повеќе. Кога атмосферата ќе се загрее, вообичаено Девиците се тие кои нарачуваат нови тури и досипуваат пијалаци. Звучи несвојствено за воздржаните, приземни Девици, но тие обожаваат кога се во центарот на вниманието, посебно ако пеат и играат.

Вага

Боеми и префинети гости, Вагите сакаат кога уживаат во тивка музика и вкусна пијачка. Не е ни чудо што често одбираат елитни кафани и настојуваат да ја платат сметката. Секогаш се грижат дали чашите се полни и дали музиката е по нивна желба, за утре со задоволство да може да го раскажат настанот.

Скорпија

Елегантни, но гласни, Скорпиите секогаш уживаат во кафанската атмосфера и нема да ви дозволат да ја напуштите забавата до последен момент. Знаат добро да се напијат, но барем се пријатно друштво во таква ситуација. Обожаваат кога музиката се врти околу нив, посебно во големо друштво.

Стрелец

Обожаваат кафани, но само оние кои ги бие добар глас, во централната градска зона, каде што ќе може да уживаат, но и да ја покажат својата моќ. Кога пие знае да се контролира и секогаш сакаат да дегустираат нови јадења или алкохоли. Авантуристи се, па ретко се појавуваат во иста кафана повеќе пати.

Јарец

Јарците умеат да се опуштат само ако има тивка музика и црно вино, па дури може и нежно да заиграат. На прв поглед се повлечени и мирни, но по неколку часа знаат да се опуштат до непрепознатливост. Сакаат кога се во помали групи на луѓе, па најчесто ги одбираат најблиските пријатели за ваков тип на излегување.

Водолија

Каде и да се појават се добредојдени, па така и во сите кафани. Водолиите не пребираат, сакаат алкохол и флерт и тоа им е сосема доволно за незаборавна вечер. Неретко знаат да го гледаат изгрејсонцето на пат кон дома. И ако вечерта некој ги покани во истата кафана – без размислување ќе кажат да!

Риби

Тие се чувствуваат добро во кафана, само ако се со своите пријателки или со своето машко друштво. Избегнуваат претерано гласна музика, нападен флерт и умерени се со алкохолот. Но, тоа не значи дека не знаат да се заборават со часови. Боеми, со стил!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi