Во денешно време стресот стана нормален дел од секојдневието, изјави лидерот на истражувањето професорот Џејсон Картер и додаде дека со сето тоа не ни одат во прилог прехранбените навики кои нашето тело го ставаат под уште поголем стрес.
Во истражувањето, објавено во „American Journal of Physiology“, учествувале 67 лица со нормално ниво на крвниот притисок. Учесниците во период од осум недели секојдневно земале девет грама суплементи рибино масло.
На крајот од истражувањето научниците работеле различни тестови, вклучувајќи мерење на крвниот притисок и бројот на отчукувања на срцето.
Резултатите од тестовите покажале дека суплементите го намалуваат нивото на кортизол во телото, го регулираат нивото на отчукувања на срцето и го намалуваат нивото на слободни радикали. Научниците не забележале никаков ефект на нивото на крвниот притисок.
Овие резултати упатуваат дека рибиното масло има одличен ефект врз здравјето и го намалува штетното делување на стресот врз организмот.
Претходни истражувања покажале дека стресот го зголемува ризикот од појава на хронични воспаленија во телото, што е една од водечките причини за разни болести, вклучувајќи го дијабатесот од типот 2, болести на срцето и крвните садови.