Дознајте кој е совршен партнер за вашиот знак и освојте го

9 декември, 20140
23

Хороскопот открива кој знак е идеален за вас на долги стази, а кој за авантура..

ОВЕН

 

… за врска
Ќе имате одличен однос со Лав затоа што тоа е знакот со кој сте емоционално компатибилни. Лавот ќе ве подржува во се, ќе ви биде еднакво добар пријател, партнер, но и љубовник.

                                 … за авантура

Ако сакате незаборавна авантура, изберете Вага со која страствените моменти во постелата ви се гарантирани. Тоа е знак со кој веднаш ќе почувствувате страст и сексуална привлечност.

БИК

 

… за врска

Девицата е знакот со кој веднаш ќе почувствувате дека сте на иста бранова должина. Ќе имате за што да разговарате и ниту еден момент нема да ви биде досадно.
                                 

                                 … за авантура

Ако изберете Шкорпија, вашиот однос веднаш ќе ве однесе во кревет. Кога погледите ќе ви се сретнат, желбата ќе биде обострана па едвај ќе чекате да останете сами.

БЛИЗНАЦИ

 

… за врска

Вагата е ваш идеален партнер. Ќе водите долги разговори, делите хумор и често ќе се смеете. Ќе биде тоа поттикнувачка врска во која ќе има многу разбирање, но и привлечност.
                               

                               … за авантура

Стрелец! Тоа е знак кој во вас ќе ја разгори оганот и страста. Нема да ве заорува ниту досадува, што е важно во врската. Заедничките моменти ќе бидат незаборавни.

РАК

 

… за врска

Со Шкорпија одлично ќе се согласувате. Ќе имате речиси интуитивен однос, па погледите ќе зборуваат повеќе од зборовите. И на двајцата ви треба чувство на безбедност, што еден на друг ќе го овозможите во голема количина.
                                 

                               … за авантура

Јарецот ќе ви ја зоврие крвта и ќе ви го помати умот. Тоа е знак со кој ќе доживеете вистински огномет на страст. Ќе ви овозможи чувство на сигурност, дури и ако вашиот однос не оди спрема нешто сериозно.

Лав

 

… за врска

За вас идеален партнер е Стрелец. Ќе ве воодушеви неговата авантуристичка природа, а ќе ви дојдат добро неговите коплименти и заштитата која ќе ви ја пружи.

                                … за авантура

Со Водолија ќе имате бурен и незаборовен однос. И двајцата сакате забава и убави работи, но и патувања, па вашиот однос ќе биде забавен и возбудлив.

ДЕВИЦА

 

… за врска

Со Јарец ќе имате однос во кој ќе има ногу поддршка и разбирање. И двајцата сте романтични и нежни па еден на друг постојано ќе си искажувате љубов и наклонетост.

                                 …за авантура

Сензибилната Риба е идеален партнер за летна авантура. Ќе ви пружи многу слатки моменти на страст па во нејзината прегратка ќе заборавите на сите грижи.

ВАГА

 

… за врска

Со Водолија ќе остварите интересен однос во кој ќе има многу возбудувања. И двајцата сакате предизвици и патувања па уживате во животот со полни гради.
                               

                               … за авантура

Овенот во вас ќе пробуди страст па веќе на прв поглед ќе ве привлече како магнет. Ќе знае во се да ви удоволи, но ќе има и кавги, како и помирувања во креветот.

ШКОРПИЈА

 

… за врска

Со Риби ќе имате однос полн со чувства, романтика и нежности. Ќе се дополнувате и подржувате во се. Таа ќе знае во се да ви угодува, што и тоа како ќе ви се допадне.

                                … за авантура

Со Бик ќе поминете многу страствени моменти. Веќе при првиот контакт нешто ќе проструи низ вашето тело, а силна телесна привлечност веднаш ќе ве спои.

СТРЕЛЕЦ

 

… за врска

Со Лав ќе имате врска во која ќе има многу динамика, баш како што и двајцата сакате. Лавот спрема вас ќе се однесува заштитнички, што многу ќе ви се допадне.
                               

                               … за авантура

Немирните Близнаци ќе ве воведат во свет на страст и недоживеани искуства. Иако во некои работи сте различни, има доволно и такви кои од почеток ќе ве зближат.

ЈАРЕЦ

 

… за врска

Со Бик ќе имате стабилна и сигурна врска. И двајцата сте сериозни и практични, што е предуслов и да бидете верни еден на друг. Со заеднички сили можете многу нешта.

                                … за авантура

Чувствителниот рак ќе ве освои на прв поглед. Ќе се разгори страст и тој жар нема брзо да се изгаси. Еден на друг никогаш нема да си досадите, ќе биде тоа однос полн со страст и љубов.

ВОДОЛИЈА

 

… за врска

Со Близнаци ќе имате доволно возбудлив и поттикнувачки однос во кој нема да има досада. Имате слични животни ставови и добро се дополнувате. И двајцата сакате друштво и излегувања.
                             

                               … за авантура

Со топлиот и еротичен Лав ќе доживеете незаборавни моменти на страст. Дури и ако има разлики помеѓу вас, силната привлечност ќе ве фрли еден во друг во прегратка.

РИБИ

 

… за врска

Со Ракот лесно постигнувате компромиси и договори па ретко се расправате. Врската ќе ви биде полна со меѓусебно почитување, а ниту романтиката нема да недостасува.

                                … за авантура

Воздржаната Девица ќе ве привлекува како магнет и нема да можете да и оддолеете. Кога ќе се најдете сами, страста ќе ви го помати разумот и на двајцата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi