Дрвото кое раѓа 40 видови овошје

popara24 јули, 20141min00
1

Сем ван Акен од Универзитетот во Сиракуза создал дрво кое раѓа 40 различни видови овошје. Во текот на летните месеци на неговите гранки можат да се видат повеќе видови сливи, кајсии, праски, вишни, бадеми…
После 5 години макотрпен труд, Ван Акен успеал да создаде дрво кое раѓа 40 видови овошје и вели дека особено се гордее со своето достигнување.
Дрвото изгледа како и сите други, поголемиот дел од годината. Но на пролет почнува вистинска експлозија од бои, виолетови, црвени, розе и бели пупки.
А после неколку месеци на гранките се појавуваат различните видови овошје.

drvo-koje-radja-40-vrsta-voca