Државна лотарија на Македонија со караван во чест на 4 години игри на среќа

popara7 мај, 20141min00
SREKNO MESTO OK

На 23ти април Државна лотарија на Македонија обележа четири години од почеток на приредување игри на среќа. Во 2010 на 23ти април беа пласирани првите инстант лозови и играта на среќа НовоЛото 7/34. Првото коло на НовоЛото 7/34 беше реализрано на 3ти мај 2010 со водителката Марјана Станојковска. Од тогаш до денес, Државна лотарија на Македонија пласираше над 20 различни игри на среќа, а во моментов актуелни се игрите на среќа: НовоЛото 7/34 со гарантиран фонд за 7ка од 6.000.000,00 денари; Дополнителната играта Џокер на НовоЛото 7/34 со гарантиран фонд за Џокер со 6 погодоци од 600.000,00 денари; Лото5 со гарантиран фонд за 5ка од 500.000,00 денари; Дополнителната игра Џокер Лото5 со гарантиран фонд за Џокер до 6 погодоци 300.000,00 денари; БИНГО БУМ со гарантиран фонд за Макси Бинго од 2.000.000,00 денари; Дополнителната игра Бинго Џокер со гарантиран фонд за Џокер со 6 погодоци од 300.000,00 денари, Играта КЕНО која се приредува во соработка со спортски обложувалници и Инстант лотаријата со посебните продукти Среќни тркала, Детелинка, Смајли, Твингоманија, 7ма Брзина, Среќни коцки и Подарок кои нудат автомобили, скутери и парични добивки.
Од декември минатата година Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерството за Финансии започна да ја приредува популарната наградна игра Фискална во рака – Награда без мака, со богат фонд на награди од кои најголемите се три станови и три деловни простори, тринаесет автомобили и над две илијади вредносни ваучери.
Во чест на обележување на четири години од пласирањето на првите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија, во време на очекување на седмиот милионер – добитник на НовоЛото 7ка и во пресрет на шестото извлекување од наградната игра Фискала во рака – Награда без мака, Државна лотарија на Македонија организира караван со промоции во 15 градови низ Македонија. На промоциите граѓаните ќе можат да се дружат со водителите на игрите на среќа Марјана, Викса и Маја, да се забавуваат, да учествуваат во игрите на среќа и добиваат подароци од Државна лотарија на Македонија и во специјалните кутии наменети за наградната игра да ги оставаат своите коверти со фискални сметки.
Промоцииите ќе се одвиваат од 11Ч:00 до 16:00 часот пред продажните места обележани со знакот СРЕЌНО МЕСТО. Распоредот на локации по датуми е прикажан подолу
ден мај/датум град Продажно место

ЧЕТВРТОК 8ми ТЕТОВО БАРТОН
ПЕТОК 9ти НЕГОТИНО КОРЗО
САБОТА 10ти БИТОЛА ВАГАБОНД

ПОНЕДЕЛНИК 12ти КУМАНОВО КЕОПС
ВТОРНИК 13ти ВЕЛЕС ЛОТО 77
СРЕДА 14ти ПРИЛЕП КОМПАНИ МЕНАЏЕР
ЧЕТВРТОК 15ти КОЧАНИ АНАФИЛ
ПЕТОК 16ти ШТИП ТУТУН ПРОМ
САБОТА 17ти СТРУМИЦА ДООЕЛ КРЕЧЕВИ ( во центар кај Тинекс)

ПОНЕДЕЛНИК 19ти ГЕВГЕЛИЈА МОНТЕ МК
ВТОРНИК 20ти КАВАДАРЦИ СИГМА
СРЕДА 21ви КИЧЕВО ДЕТЕЛИНКА
ЧЕТВРТОК 22ри ГОСТИВАР ЈОТОН
ПЕТОК 23ти ОХРИД ПРАГМА
САБОТА 24ти СТРУГА КИКИ ТВИНС

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag