
28-годишната Анастазија Татарников од источен Казахстан најпрво мислела дека станува збор за земјотрес, но набрзо се воспоставило дека се отворила огромна дупка како последица од минирањето на еден рудник во близина.
Локалните власти процениле дека има опасност од отворање на нови дупки, и дека се загрозени околу 120 семејни домови. Поради тоа, била наредена евакуација на речиси 500 лица.
“Гледав телевизија, кога наеднаш куќата почна силно да се тресе. Отворив врата и видов голема дупка како се отвора во земјата. Го зграбив Кирил и истрчав надвор. По само неколку секунди целата куќа исчезна во дупката”, раскажала Анастазија, која се’ уште не може да поверува што се случило.
“Останав без документи, од пасошите до здравствената книшка на Кирил. Ги нема ниту неговите играчки, ни облека, ништо…Се исчезна”, додава таа.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Ve4JvBkTQxE