Богатите се полоши партнери и љубовници од сиромашните фраери, покажа најновата студија создадена со цел да открие колку во врската се трудат поединците кои имаат пари, но и оние со плиток џеб. Експертите кои го воделе истражувањето заклучиле дека сиромашните мажи се многу подобри партнери и љубовници во однос на богатите кои се лицемерни и помалку се трудат околу жената.
Сиромашните за разлика од припадниците на буржоазијата се трудат повеќе околу жената, но воедно се и достапни, верни и посветени во врската, за разлика од богаташите кои често се поставуваат прилично одбивно кон другите, бидејќи се убедени дека луѓето сакаат да ги искористат.
Студијата утврдила дека жените се многу посреќни и поисполнети во врските со фраери кои немаат премногу пари бидејќи им ги исполнуваат сите желби, помалку се лицемерни и разгалени, љубезни се кон останатите, но и друштвени, позитивни, комуникативни, повеќе излегуваат и создаваат нови пријателства.
Незнам каде ја правеле оваа студија, но дефинитивно во Македонија ова правило не важи. Кај нас поголемиот дел од жените трчаат по богати мажи. Секоја чест на исклучоците!

