Џеј Ло за своите бивши: Тие гадови би сакала да умрат!

popara13 март, 20141min00
3

Дека не треба човек да си игра со Џенифер Лопез сведочи нејзината неодамнешна изјава дека бившите дечковци, Бен Афлек и Пи Диди би дозволила да се удават!

44 годишната ѕвезда која во моментов е во врска со 19 години помладиот танчер Каспер, за време на гостувањето во едно американско радио изјавила дека не би имала милост кон бившите партнери.

Водителот ја запрашал што би направила ако среде океан ги затекне двајцата бивши партнери – Бен Афлек и Пи Диди, а може да спаси само еден, кого би го избрала. Латино дамата без да размислува одговорила:

Би дозволила тие гадови да се удават – што предизвикало општо смеење во студиото, а таа тек тогаш сватила што кажала.

Тоа е ужасно! Само се шегувам! Бен, Диди, знаете дека ве сакам! Тие знаат дека ги сакам… – се обидела да се оправда Џеј Ло.

Но во секоја шега, пола вистина, нели!

Foto: AP/Tanjug

Foto: AP/Tanjug