Џеј Зи и Бијонсе во моментот преговараат со телевизија Е која е продуцент на реалното шоу на семејството Кардашијан и делумно финансиер на свадбената церемонија. Тие побарале 2 милиони евра за кратко шоу.
Ким потрошила уште 2 милиони долари за фустанот дело на британката Сара Бертон, која ја облече и Кејт Мидлтон за свадбата.
Само обезбедувањето на свадбата ќе ги чини 3 милиони долари, храната по 2000 од порција, а шампањот кој ќе се служи – 6000 од шише.
Бијонсе и Џеј Зи најпрво мислеле да не присуствуваат на церемонијата за да избегнат медиумско внимание. Освен нив во програмата е вклучена и Лана Дел Реј.
Свадбата ќе заврши со огномет кој ќе чини 200 000 долари.