Последните неколку месеци, многу се шпекулираше околу тоа дали актерката е бремена или не, а според последните информации Џен навистина наскоро ќе биде мајка!
Како што е соопштено од страна на странските медиуми актерката конечно во четириесет и петтата година е бремена. Џенифер Анистон со години одеше на третман против неплодност, а сега, после голема борба, успеа да победи и да забремени.
Всушност, како што е соопштено од страна на американскиот магазин In Touch Weekly, актерката неодамна, наводно, почнала да добива на тежина и имала утрински мачнини, што беше симптоматично за сите да помислат дека таа е бремена.
На идните родители-можеби оваа ситуација ќе им помогне конечно да застанат на лудиот камен, бидејќи со години се зборува за тоа, но тие никако да се одлучат за истото.