
Џенифер Лопез минатата вечер ја поминала во друштво на своето момче Каспер Смарт, а за прошетка низ градот одлучила да ги замени раскошните фустани со удобна тренерка во тиркизна боја. Убавата пејачка во секоја комбинација изгледа беспрекорно со што дополнително придонесува за вештото позирање пред камерите.

Поради овој извежбан талент Џенифер на секоја фотографија изгледа совршено, а задводливиот поглед и позицијата на главата со дискретната насмевка на нејзиното лице го истакнуваат најдоброто. Но сепак, постои фотографија на која не успеала на време да испозира… камерите ја претркале.


