
На прашањето дали се верил, ѕвездата од филмот “Пирати од Карибите”, одговорил дека прстенот го издава повеќе од очигледно.
“Повеќе е за девојки и не е баш суптилен”, изјавил педесетгодишниот актер низ смеа, подигнувајќи ја левата рака на кој бил дијамантскиот прстен.
Џони Деп моментално се наоѓа во кинеската престолнина каде го промовира својот нов филм, научно-фантастичната драма “Transcendence”, во која глуми научник во терминалната фаза на болест која го даунлодира својот ум во компјутер.
Деп и Амбер се запознаа во 2011 година на снимањето на филмот “Дневникот на румот”, и потоа тој ја прекина четиринаесетгодишната врска со француската глумица Ванеса Паради, со која има две деца.