
Поранешниот претседател на Америка Џорџ Буш сега времето го поминува во цртање на портрети на познати светски лидери кои неодамна ги изложи пред јавноста.
За портретите на германската канцеларка Ангела Меркел и на рускиот претседател Владимир Путин, Буш нашол инспирација во фотографиите на интернет енциклопедијата „Википедија”. Како модел за портрет на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи послужила фотографијата која е меѓу првите десет на пребарувачот за слики на Гугл, додека израелскиот претседател Ехуд Олмерт го насликал врз основа на фотографијата од 2009 година која е втора на листата на најпопуларните резултати на пребарување. П
ортретот на поранешниот француски претседател Жак Ширак е копија на заштитената фотографија на агенцијата „Асошијетед прес”. На блогот, меѓутоа, се наведува дека против американскиот претседател најверојано нема да биде покрената постапка, бидејќи очигледно е дека ги трансформирал сликите – без разлика дали ги разубавел или нагрдил.
httpv://www.youtube.com/watch?v=AYuJlVNXH5s