Едноставен и ефтин трик: Еве како да го разладите станот без клима
10 јуни, 20141
Идеално решение доколку немате клима уред, како и за викендици, апартмани на море и слично.
Високите температури веќе стигнаа, а доклку немате клима уред кој ќе ви одржува пријатна температура во домот, еве еден едноставен трик.
Се што ви е потребно е вентилатор, вода и сол. Набавете 6 мали флаширани води и во секоја од нив додадете по две до три лажички сол, а потоа ставете ги во замрзнувач.
Наутро извадете ги и ставете ги пред вентилаторот, а под шишињата најдобро е да ставите тацна.
Кога ќе го користите овој метод, потребно е да ја оставите водата во замрзнувач во текот на ноќта.
One comment
dzo
11 јуни, 2014 at 10:24
zosto pak sol?