Ефикасна детокс диета – 5 килограми за 8 дена

popara4 декември, 20141min00
5

Незнам дали забележавте, но во последно време детокс диетите се апсолутен хит, бидејќи според мислењето на нутриционистите целта не е само да се намалат килограмите, а тоа да биде еден здрав режим од кој ќе немате штета, туку полза за вашето здравје. Основната цел на овие диети е пред се комплетно чистење на организмот од токсините натрупани по време на последните неколку месеци.

Само свежото овошје и зеленчук ги имаат неопходните материи и елементи за детоксикација на телото.  Оваа диета е со многу малку калории и не треба да се повторува почесто од еднаш на 4 месеци за да не го пореметите метаболизмот. Треба да пиете многу вода и зелен чај по време на диетата.

Првиот ден е ден за прочистување и она што го консумирате се само свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, односно портокали, киви, јаболка, грејп, домати, моркови, цвекло, спанаќ или нешто друго по ваш вкус. Соковите го стимулираат варењето на храната и го чистат целиот дигестивен систем. Дневно треба да испиете вкупно 6-7 чаши.

Вториот ден имате 450 грама урда и 4 чаши кисело млеко.

Третиот ден имате свежи сезонски салати, со малку маслиново масло и без сол, како и бело пилешко варено месо за ручек и вечера заедно со салатата.

Четвртиот ден е идентичен како и првиот, односно дневното мени се состои само од свежо цедени сокови 6-7 чаши.

Овие 4 дена се најважните од диетата. Наредните денови во исхраната треба да вклучите секојдневно 4 белки, урда, кисело млеко, риба и пилешко, а паралелно со тоа по 2-3 свежи салати секојдневно.

Овој режим може да трае и повеќе од 4 дена ( се мисли на вториот циклус од диетата) ако вашата цел е намалување на поголем број килограми. Менито се состои само од протеини и растителни влакна, нема шеќери и масти па затоа ви гарантира успешно намалување на телесната маса. При тоа внесувате доволно витамини и минерили со што вашато здравје не е во опасност.

Понатака треба да ја избегнувате штетната храна од која добро знаеете дека брзо се дебелее, ако не сакате да ги вратите повторно изгубените килограми и трудот да биде напразен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag