Витамини за активирање на процесот на слабеење

4 декември, 20140
4

Многу од процесите кои се одвиваат во телото не можат нормално да се одвиваат без некои витамини и минерали. Тоа се однесува исто и на процесот на намалување на тежината или слабеењето. Денес нутриционистите докажале дека потребните витамини се неопходни за успешно одвивање на овие процеси и за забрзување на метаболизмот па како последица ефикасно слабеење.

Кои витамини ќе ви помогнат да ослабнете?

Витамин Ц – Овој витамин го намалува холестеролот во крвта, помага за трансформирање на гликозата во енергија, што е неопходно за секојдневните активности.

Во витамините се активно ангажрани процесите на варење на храната и размена на материите. Например Б1 помага за трансформирање на енергијата од внесените протеини, масти и јаглехидрати, Б3 исто така ослободува енергија од храната, Б4 го активира метаболизмот и трансформацијата на мастите во црниот дроб.

Витаминот Д помага на телото не само да апсорбира калциум за коските но уште и го регулира нивото на формирање на масно ткиво.

Магнезиумот ја активира размената на материи и го контролира производството на енергија во организмот. Затоа ако сакате ефикасно да се ослободите од вишокот килограми треба да се грижите да примате оптимална дневна доза магнезиум.

Витамините внесени со храната не се доволни за покривање на секојдневните потрби на организмот. Поради таа причина мулти витаминските комплекси се задолжителни за луѓето кои сакаат да ослабнат.

Губењето на тежина е тежок процес и витамините во случајот се едноставно неопходни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi