
На некои жени за да го преболат бившиот им се потребни неколку седмици, на некои неколку месеци, па и години. Секој од нас ситуацијата ја преживува на свој начин, а ако сакате да го убрзате процесот, морате да се решите од духовите на минатото.
Бриши, бриши, бриши
И него и неговите пријатели од Фејсбук. неговиот телефонски број, без разлика што го знаеш напамет. Неговите пораки. Заедничките фотографии. Откорнете го од себе како фластер – помалку ќе боли ако тоа го направите брзо.
Организирајте го својот живот, секој ден
Многу е важно вашите мисли да се насочени кон нешто друго. Затоа е важно да имате исполнет план за секој ден. Од утринско пиење кафе со пријателките, фитнес, средување на ноктите, фризура и сл. Целта е да немате време за да мислите на минатото. Мислите за минатото се вашиот најголем непријател!
Фрлете се!
Ок, не мора да го фрлите и прстенот што ви го подарил за роденден, но фрлете ги глупостите кои ги чувате поради сентиментална вредност. Неговата честитка можеби ве навраќа во добрите стари времиња, но токму тие времиња ве спречуваат да одите напред.