Благодарение на неколку извори, ова се најновите информации за тајната венчавка во Франција.
Се служела домашна торта
Парот навистина се погрижил за „заштеди,“ наместо да нарачува раскошна торта. Магијата на слаткото задоволство Бред и Анџелина ја препуштиле во рацете на своите деца. Така, нивниот син Пакс и неговите пријатели имале шанса да уживаат во нередот додека ја подготвувале тортата за големиот ден.
Гостите јаделе домашно подготвени ордевери
Не само што тортата била домашна, туку гостите можеле да уживаат и во домашната храна по церемонијата. Тогаш биле послужени домашни ордевери од шунка, сирење и свежо уловен бранцин. Освен тоа, уживале во црвеното вино и босанската вода од рози.
Цртежи на венчаницата
На фустанот Анџелина имала мечиња, цвеќе, зебри, зајчиња, Ајфелова кула, авиони и по некој безобразен збор. Честа за декорација на венчаницата исто така ја имале дечињата.
Децата ги организирале своите улоги
Децата не биле во хаос кога дошла на ред организацијата. Бред и Анџелина велат дека децата сами си ја одбрале гардеробата и ги организирале сите улоги.
Чуден меден месец
Анџелина и Бред моментално се на Малта, каде го снимаат својот заеднички филм по 10 години. Но, тоа не е романтично колку што мислите. Парот во филмот е несреќно венчан.
Музика на венчавката
Бред тивко ја потпевнувал „Here comes the bride“ заедно со децата и гостите, кога Анџелина се упатила кон олтарот. Исто така, ја прател традиционалниот венчален марш.
Спомени од мајката на Анџелина
Бред уште пред венчавката подготвил изгравиран камен кој постојано стоел во капелата додека траела церемонијата. Каменот е во чест на мајката на Анџелина, која почина во 2007 година од рак на јајниците.