Експлозијата на пневматици во редовниот сообраќај е нешто што е веќе дел од минатото, но, од време на време им се случува и на врвните пневматици како што се Dunlop Sport Maxx GT600 да попуштат, особено ако ги оптеретите до максимални граници, поточно при брзина од 327 km/h, како што тоа е случај кај овој тјуниран Nissan GT-R кој располага со 800 КС.
Сепак, и покрај експлозијата на пневматикот, автомобилот остана под контрола на возачот, а голема заслуга за тоа, покрај умешноста на возачот е и системот за погон на сите четири тркала на Nissan, како и системот за електронска контрола на стабилноста, кои му овозможија на возачот безбедно да успори и да го застане возилото.
Сепак, штетата на автомобилот е релативно голема, бидејќи пневматикот после експлозијата почнал буквално да се распаѓа.